Родителите добиваат дете според нивната заслуга!

0
106


Секој пар добива онолку деца колку што посакува. Ако имате син, тогаш вам ви треба лекција на која тој ќе ве научи.

Молчалива ќерка, немирен син или зборлива ќерка, тивок син – Секој добива дете по заслуга, а сепак, секое од нив има своја мисија.


Добро познатиот научник Шалва Амонашвили, автор во областа хумана педагогија на Универзитетот во Невелски во Русија навел неколку важни работи од „образовниот процес“:

Кое е детето, а кои сме ние возрасните? Како да комуницираме со него?

Според него, детето не се раѓа случајно и не е само желба на родителите, туку е манифестација на нашите животи. Децата доаѓаат на овој свет со своја мисија: секој човек по малку го менува светот. Луѓето се раѓаат за да си помогнат едни на други.

Затоа, задачата на родителот и учителот е да му помогне на детето да го најде патот до својата судбина. Кои методи ќе се користат зависи од него.

Врз основа на филозофските погледи на кои се потпира овој автор, неговите тврдења се дека човекот не доаѓа на овој свет со лоши намери. Тој се раѓа невин, но попатно се случува нешто друго: некој не го кажал вистинскиот збор во вистинско време, некој не помогнал кога требало и личноста скршнала од својот пат. Затоа, многумина во текот на животот посакуваат да се искупат за своите гревови. Тие трошат милиони на добротворни цели за да имаат душевен мир.

Дали секој родител треба да му пристапи на детето со претпоставка дека тоа дошло на овој свет со мисија?

Овој антрополог кажал една клучна работа: ако родителите сакаат да го подобрат воспитниот процес во рамки на семејството, мора пред сè да ја укинат казната! Детето не треба да се казнува.

Ако детето е немирно и направи нешто лошо, што треба да направите? Постојат различни пристапи, но сите тие изискуваат многу напор од страна на родителите. Ако имате дете – дајте му време! Едуцирајте го постојано!

Ако детето е немирно и постојано прави проблеми – не тепајте го и не навредувајте го, туку одвојте малку повеќе време да го научите како треба и да разговарате со него.

Ако ја вложите вашата душа при воспитувањето на децата, нема да ви биде потребен методот на казнување!

Кога дете ќе направи нешто лошо, седнете до него и кажете му: „Слушај, ајде следниот пат направи го тоа поинаку, затоа што сега згреши…“ – и ќе го убедите.

Веднаш штом тоа ве разбере, ќе почне да се однесува подобро, охрабрете го ако забележите дека тоа се обидува да направи нешто правилно: пофалете го, восхитувајте му се затоа што на децата им требаат пофалби. Треба да ја поткренете самодовербата кај нив.

На пример, проблем е ако вашето дете-тинејџер почне да пуши. Ако вие како родител сте го „фатиле на дело“, еве како да постапите:

Најдобриот пристап на еден татко е да го едуцира својот син со братски пристап и да му рече: „Слушај, сине, веќе растеш… Знаеш дека пушењето не е здраво, а и јас го знам тоа, затоа ајде да се откажеме од оваа лоша навика заедно…“.

Ќотекот не го превоспитува детето, туку го запира неговиот развој. Затоа бидете добри родители и разговарајте со своите деца. Тие не случајно се појавиле во вашите животи.

Можеби сакате да ги дознаете и одликите на вистинскиот татко: Прави сè за семејството и за децата и секогаш ги става на прво место.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here