Рецепт на денот: Печено пилешко со сенф и мед

0
143


Еве одлична идеја за здрав и вкусен ручек кој брзо и лесно се подготвува.

Состојки:

Шест парчиња пилешко филе

Сол и бибер

170 гр. мед

120 гр. сенф

Лажица сув босилек

Лажица мелена пиперка

Пола лажица сушен магдонос

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 175 степени. Пилешкото посолете го со сол и бибер по вкус и наредете го во тава која претходно е намачкана со маслиново масло.

Во помал сад промешајте мед, сенф, босилек, мелена пиперка и магдонос. Измешајте и со половина од смесата премачкајте го пилешкото. Печете 30 минути, а потоа превртете го месото и намачкајте и од другата страна.

Печете уште 10-15 минути. Оставете да се олади десетина минути и послужете.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here