Рецепт на денот: Запечени палачинки со мелено месо

0
13


Палачинки со мелено месо во бешамел сос, запечени во рерна – идеален рецепт за денешниот ручек.

 

Потребни состојки:

Тесто

200 г брашно

350 мл млеко

3 јајца

Сол

Фил

Половина килограм мелено месо

1 кромид

2 чешниња лук

40 мл масло

200 г пасирани домати

1 црвена пиперка

Магдонос, сол, кари

Бешамел сос

25 г путер

25 г брашно

250 мл млеко

Сол

Бибер

100 г моцарела

Начин на подготовка:

Направете палачинки од наведените состојки. Оставете ги на страна додека да го подготвите останатото.

Во поголема тава загрејте масло и пропржете кромид и лук, додајте месо коешто ќе го зачините и запржите.

Додајте го пирето од домати, пиперка, зачинете по вкус и оставете 10 минути да се запржи на умерена температура со постојано мешање.

За бешамел сос:

Растопете го путерот, додајте брашно и промешајте додека да добие убава боја, достепено додавајте млеко и мешајте за да не се појават грутки. По пет минути тргнете го од тава и зачинете со сол и бибер.

Подгответе го садот за печење. Врз палачинките ставете две до три лажици од филот од месо, замотајте и ставете ги во сад.

Распоредете ги сосот и моцарелата исечена на парчиња врз палачинките и ставете да се запечат во рерна на 200 степени околу 20 минути.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here