Рецепт за денес: Полнет кромид

0
130


Ако досега не сте пробале, крајно време е да пробате полнет кромид.

Потребни состојки:

  • 8 главици црвен кромид
  • 100 грама варен грав
  • 150 грама сланина
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица оцет
  • масло и сол
  • 1 децилитар бело вино
  • 2 лажици презла
  • 2 лажици пармезан

Начин на подготовка:

Излупете го кромидот, отстранете ги неговите врвови, потоа ставете го во врела вода во која ќе додадете малку оцет и гответе околу 20 минути.


Оставете го кромидот да се излади, а потоа отстранете ја средината, но внимателно, така што ќе ви останат три прстени кромид.

Извадената средина испржете ја во масло, додајте ја исечканата сланина, а кога таа ќе ги ослободи мрснотиите, додајте ги зготвениот грав и лукот.

Зачинете по вкус, наполнете го кромидот со смесата и ставете го во огноотпорен сад, посипете со презла и со пармезан, турете го виното и печете околу половина час на температура од 200 °C.

Погледнете како да направите домашен сенф во 5 едноставни чекори.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here