Рецепт за вкусни домашни наполитанки

0
30


Потребни состојки:

4 листа обланди

За фил:

250 г путер

200 г шеќер

12 лажици вода

250 г мелени ореви

250 г мелени интегрални бисквити

100 г чоколадо за готвење

Начин на подготовка:

Во тенџере ставете путер, шеќер и вода, па мешајте на умерена температура додека да се соединат состојките. Додајте ореви, чоколадо и бисквити во смесата и мешајте додека да добиете крем.

Оставете да се излади, па поделете го кремот на 3 еднакви дела. Намачкајте на горната страна од обландата и повторете ја постапката додека да го потрошите филот и обландите. На крај обложете ја обландата со хартија и одозгора ставете тавче за да се стегнат.

Откако ќе се стегне колачот премачкајте го со чоколадна глазура. Во кремот може да ставите и сок од портокал и неколку капки рум.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here