Рестартиран патничкиот авиосообраќај на белградскиот аеродром

0
42


Со слетувањето на авионот на Wizz Air од Лондон во 11 часот и 35 минути на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ официјално е рестартиран патничкиот авиосообраќај во соседна Србија.

Авионот Airbus A320 на унгарската нискотарифна авиокомпанија Wizz Air под лет W9 4002 од Лондон направи историски лет, враќајќи ја надежта за нормализирање на животот за време на пандемијата.

Според информации до кои дојде Aviatica, во авионот имало само 93 патници, иако биле продадени повеќе карти за овој лет. Бројките варираат од 130 до 160. За враќање од Белград продадени се околу 60 карти, но не се знае колку патници ќе се појават. Капацитетот на авионот е 180 патници, плус екипаж на лет.

Главната причина за неискористувањето на купените карти се рестрикциите за патување според кои странци не може да влезат во Србија без негативен тест на COVID-19 не постар од 72 часа или во спротивно ќе мора да бидат ставени во 14-дневен карантин.

На белградскиот аеродром уште пред два дена соопштија дека сѐ е подготвено за да се рестартираат летовите.

Зголемување на бројот на летови може да се очекува од 21 мај кога е планирано рестартирањето на операциите на Air Serbia.

Фото: exyuaviation.com





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here