Рекорден број слободни работни места во Германија

0
185
loading...

Бројот на слободни работни места во Германија достигна рекордни 1,2 милион во последниот квартал од минатата година, соопшти Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ).

„На крајот на 2017 година во Германија имало 1.180.000 слободни работни места, што е за 128.000 повеќе во споредба со истиот период во 2016 година и 83.000 повеќе во споредба со претходниот квартал“, изјави Александер Кубис од ИАБ.

Најголема побарувачка има во преработувачкиот сектор и во градежништвото. Градежните претпријатија во моментот имаат потреба од речиси 100.000 работници од разни профили.

Најбарани занимања во Германија се мехатроничари, електротехничари, медицински техничари, програмери, инженери од сите профили, како и лимари и водоинсталатери.

loading...

Традиционално, голема потреба има и од медицински персонал, а во последно време владее недостиг на инструктори за возење, што е поврзано со недостигот од возачи на автобуси и камиони.

loading...