Реконструиран лик на човек од Средниот век наиде на потсмев од твитерџиите

0
107


Лице на маж од Шкотска беше реконструирано 600 години откако починал, а добиениот резултат наиде на смеа кај интернет заедницата.

Скелет 125, како што се именувани посмртните останки од непознатиот Шкотланѓанец кој живеел во средниот век, беа пронајдени во 2015 година за време на градежни работи во уметничка галерија во Абердин.

Пронајдокот поттикна додатни археолошки ископувања при што на површина излегоа околу 60 комплетни скелети и делови од 381 друго лице.

Потоа било одлучено да се направи реконструкција токму на Скелетот 125 за кој археолозите веруваат дека умрел на 46-годишна возраст и дека бил висок помеѓу 159 и 166 сантиметри.

http://kajgana.com/

Сите посмртни останки покажуваат дека луѓето имале физички тежок живот, имале проблеми со болки во долниот дел од ‘рбетниот столб, прилично расипани заби како и низа болести.

За жал, 600 години по неговата смрт, судбинaта е уште посурова кон Скелетот 125 откако неговиот изглед наиде на исмевање на Twitter.

Еден твитерџија напиша: „Замислете целиот ваш живот да ве исмеваат поради вашето чудно лице, умирате, некој ве откопува стотина години подоцна, користи најмодерна технологија за да ви го реконструира лицето и потоа го споделува за сите повторно да ве исмеваат“.

Друг додаде: „Деконструирајте го под итно“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here