Реал со реми во Мадрид се пласираше во финале на ЛШ

0
91
loading...

Реал Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампионите, откако на реванш полуфиналниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ ремизираше 2:2 против Баерн Минхен.

„Кралскиот“ клуб благодарение на победата од 1:2 на „Алијанц арена“ во Минхен го елиминираше баварскиот клуб.

Натпреварот беше динамичен со четири гола и бројни шанси на двете страни.

Баерн уште во третата минута со голот на Џошуа Кимих поведе со 0:1, но Карим Бензема, по асистенцијата од Марсело, во 11 минута израмни на 1:1.

loading...

Во почеток на вториот дел Бензема ја искористи грешката на голманот на Баерн и му донесе водство на Реал од 2:1.

Во финишот на натпреварот Хамес Родригез постигна гол за Баерн за конечни 2:2.

Вториот патник во финалето ќе биде познат вечерва по одигрувањето на натпреварот меѓу Рома и Ливерпул.

loading...