Реакцијата на Мис Нигерија ги инспирира жените ширум светот

0
102


Реакцијата на Мис Нигерија Никачи Даглас при соопштувањето за победата на Мис Јамајка, на натпреварот за најубава жена во светот, ги освои симпатиите на жените на интернет.

Убавицата од Нигерија не се воздржа кога слушна дека победник на изборот Мис на светот за 2019 година е нејзината колешка Тони Ен Синг од Јамајка. Даглас почна да скока и да вика од среќа, покажувајќи искрена радост поради успехот на нејзината пријателка.

„Кога вашата пријателка ќе почне нова работа, терапија или што било кое ќе ѝ го подобри животот бидете како Мис Нигерија“, гласи еден од коментарите на Twitter.

http://kajgana.com/

Нејзината среќа исто така се однесува и на тоа што за првпат Мис САД, Мис Тин САД, Мис Америка, Мис Универзум и Мис на светот се црни жени.

Откако ја презеде круната Синг светот изјави дека е почестена и благодарна за можноста што ја добила, но дека најмногу размислува за реализација на плановите кои ги има.

23-годината Синг има дипломирано психологија и женски студии на Универзитетот во Флорида, а планира наскоро да запише Медицински факултет.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here