РАУФИ: „БОМБИТЕ“ ЌЕ ГИ ОТКРИЈАТ ИЗВРШИТЕЛИТЕ НА МАСАКРОТ КАЈ СМИЛКОВСКО ЕЗЕРО

0
67
loading...

Три последователни рочишта на судскиот процес наречен „Монструм“ се одвива зад затворени врати за јавноста. И вчера судењето продолжи без присуство на новинарите, бидејќи судечкиот совет на скопскиот кривичен суд продолжи со преслушување на нелегално прислушуваните разговори. За што точно се однесуваат разговорите и кои се соговорниците не може да се каже, бидејќи тоа не го дозволува ни законот, но од она што може неофицијално да се дознае телефонските разговори се однесуваат на обвинетите.

Скопскиот адвокат Насер Рауфи цени дека од овие разговори може да се констатира дека сега обвинетите не се сторителите на маскрот кај Смилковското езеро, но и тоа дека, од она што го слушнал во текот на денешниот ден, може да се откријат нарачателите на петкратното убиство, кое беше извршено на 12. април 2012 година.

Правната застапничка на семејствата на убиените момчиња, адвокатката Дафинка Ивановска, појаснува дека на судењето може да се слушнат и неколку нови телефонски разговори кои како доказ ги предложил Специјалното јавно обвинителство. Ивановска проценува дека вратата на судницата за новинарите ќе остане затворена уште на две до три рочишта.

За бруталното убиство на тинејџерите: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, од скопското село Црешево, кривичниот суд, на 30 јуни 2013 година, ја изрече првостепената пресуда со која браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Алил Демири, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута беа осудени на казна доживотен затвор. Со пресудата еден од обвинетите беше ослободен од вина, но затоа, пак, со пресуда на Апелациониот суд во Скопје беа потврдени пресудите за останатите обвинети. Подоцна, предметот беше укинат и вратен на повторно одлучување, но од пред две години тој е во рацете на СЈО.

loading...

Целиот текст на 24.мк

loading...