Рами Малек: Падна бакнеж со Даниел Крег на снимањето на филмот за Бонд

0
121


Оскаровецот Рами Малек, кој го игра негативецот во новиот филм за Џејмс Бонд „No Time to Die“, во интервју за The Late Show со Стивен Колбер откри дека се бакнал со колегата од филмот Даниел Крег.

Во разговорот за снимањето на филмот со Крег, кој ја репризира улогата на агентот Џејмс Бонд, Малек раскажа како се случил бакнежот.

„Имавме една многу комплицирана сцена. Седевме со часови и разговаравме со режисерот Кери Фукунага за снимањето на таа комплексна сцена“, раскажува Малек.

„Одеднаш дојдовме до решение за сцената, Даниел ме зграби и ме крена. Не знам кој од нас двајцата го иницираше следниот момент, но падна бакнеж. Ок, еве ќе речам дека Даниел го иницираше. Бев затекнат. Ми требаше малку време да се снајдам, а потоа се прашав дали ова ме прави Бонд девојка“, низ смеа рече Малек.

Иако потегот на Крег го изненадил, Малек вели дека му годеле вниманието и наклонетоста на колегата.

http://kajgana.com/

Ова е биде 25-тиот филм за тајниот агент 007, а премиерата се очекува догодина.

Малек, кој по потекло е од Египет, во филмот игра терорист, на што се согласил само под услов ликот да биде „неутрален терорист“.

„Мојот лик е одличен, многу сум возбуден. Но, му кажав на режисерот – ликот не смее да биде поврзан со ниту една религиа, ниту идеологија. Тој не смее да се идентификува со некоја од постоечките групи. Тоа никако не би го прифатил, па ако ме викнавте во филмот само поради моето потекло, тогаш баталете“, рече Малек во интервјуто.

„Ни визијата на режисерот Фукунага не беше таква, па заедно зимисливме еден сосема поразличен терорист“, додаде тој.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here