Ракометарите во тешка битка со пресврт загубија од Чешка

0
116


Со одбрана која тотално потфрли и подзаспан напад, Чесите премногу лесно постигнуваа голови во второто полувреме за на крајот да триумфираат со два разлика.

Македонските ракометари почнаа добро и на полувреме отидоа со предност од 11:9. Но, на стартот од вториот дел Чесите преземаа иницијатива и влегоа во серија од 6:1 со што дојдоа до водство од 15:12.

Како што минуваше времето Македонија наместо да се доближи не успеваше да реализира во неколку наврати и Чесите во еден момент дојдоа и до највисокото водство од 4 голови разлика.

http://kajgana.com/

Особено разочара одбраната која премногу лесно беше пробивана од Чесите, а двајцата македонски голмани Ристовски и Митревски за цел натпревар одбранија само 4 удари.

За разлика од нив, на чешкиот гол несовладлив за Македонија беше Роберт Галија кој и беше прогласен за играч на натпреварот откако забележа дури 14 одбрани.

http://kajgana.com/

Само седуммина македонски играчи успеаја да се запишат во листата на стрелци од кои најефикасен беше Лазаров со 11 голови, 5 постигна Манасков, додека 6 Георгиевски. И повторно истиот проблем, премногу се чекаше од Лазаров сам да ја носи репрезентацијата.

http://kajgana.com/

Кај Чешка кошмарен по нашиот гол беше Кашпарек кој растури во вториот дел кога секој удар му завршуваше во мрежата на Ристовски и Митревски. Чешка победи со 27:25.

http://kajgana.com/

Овој пораз ги комплицира работите за Македонија бидејќи сега за пласман во наредната фаза ќе треба да се оди на победа над домаќинот Австрија, репрезентација која во првото коло ја победи Чешка. Додатен проблем е што денеска загубивме со два разлика бидејќи при евентуална победа над Австрија може и гол-разликата да биде пресудна под претпоставка дека Чешка ќе ја совлада Украина која пак вечерва игра против домаќинот.

Табела:
1. Австрија 2 32:29
2. Чешка 2 56:57
3. Македонија 2 51:52
4. Украина 0 25:26

http://kajgana.com/

Фото: Љубен Кувенџиски





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here