Раздвоените сијамски близначки се вратија дома – Што понатаму?

0
26


Сијамски близначки кои се родија со споени глави, се вратија во Пакистан десет месеци по успешната операција за раздвојување во Лондон.

Сафа и Марва Биби имаа три големи операции и поминаа повеќе од 50 часа во операционата сала.

Нивната мајка Заинаб Биби за BBC изјави дека е пресреќна што ќерките можат повторно да бидат со остатокот од семејството.

„Девојките се многу добро. Марва постигна добар напредок и ѝ треба само малку помош“, вели мајката.

„Ќе следиме што се случува со Сафа и ќе внимаваме на неа. Дај Боже, наскоро ќе проодат“, додаде таа.

Сијамски близнаци се многу ретка појава, а уште поретко е – еден од 20 парови – да имаат споени глави. Во тој случај, близнаците обично умираат во детството.

Екипа од 100 луѓе во болницата „Грејт Ормонд“ во Лондон се грижеше за близначките Сафа и Марва.

Тие беа разделени во февруари 2019 година и оттогаш живееја во Лондон со мајка им и уште еден член на семејството.

Сите болнички трошоци – повеќе од еден милион фунти – ги плати пакистанскиот бизнисмен Муртаза Лакани.

Девојчињата, кои сега имаат по три и пол години, одат на редовна физикална терапија што ќе им помогне да напредуваат.

Сепак, и двете имаат проблеми во развојот.

Заинаб за тимот што ги оперираше нејзините ќерки вели дека се херои, додавајќи дека другите седум деца во Пакистан едвај чекаат да се грижат за Сафа и Марва.

Главниот хирург Овасе Џилани вели дека тој и тимот се многу среќни поради семејството, но дека тој не е толку убеден во целосно среќен исход.

„Ми се чини дека Марва е навистина добра и продолжува да напредува многу“, вели тој.

„Кога ќе го погледнам целото семејство… Да, веројатно беше вистинската одлука да се оперира, но не сум толку сигурен за Сафа“, додава тој.

Тешка одлука

Џилани, неврохирург со долго искуство, уште го мачи многу тешкиот избор што тој и неговиот тим мораа да го направат.

Близначките имаа заеднички лавиринт од крвни садови кои ги хранеа двата мозоци, а само едната од нив можеше да ги добие најважните.

Овие крвни садови ѝ биле дадени на Марва, кој била послабата близначка.

Меѓутоа, тоа доведе мозочен удар кај Сафа, поради што има трајно оштетување на мозокот и можеби никогаш нема да може да оди.

Џилани вели дека најверојатно тоа ќе го мачи засекогаш.

„Тоа е одлука што ја донесов како хирург, што ја донесовме како тим. Тоа е одлука со која ќе треба да научам да живеам“, вели тој.

Тој верува дека и за Сафа и за Марва најверојатно ќе било подобро да биле раздвоени порано. Сепак, тоа не беше можно затоа што собирањето средства траеше неколку месеци.

Џилани и професорот Дејвид Данавеј, исто така хирург, потоа ја почнаа хуманитарната организација „Расплеткани близнаци“ (Gemini Untwined ) за да укажат на овој проблем и да соберат пари за понатамошни операции на други деца.

Слични случаи

Во јануари 2020 година, истиот тим успешно раздели друг пар близнаци кои исто така беа поврзани со главите. Џигит и Дерман Евренсел исто така имаа три големи операции, но сè беше многу побрзо отколку со Сафа и Марва.

Близнаците се вратија во Турција пред нивниот втор роденден и лекарите веруваат дека брзо ќе напредуваат.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here