Работнички го откажа настапот на АБА 2 турнирот во Бања Лука

0
22


Македонскиот кошаркарски прволигаш Работнички денеска официјално соопшти дека го откажа настапот на вториот турнир во АБА 2 лигата, што попладнево започна во Бања Лука, поради голем број заразени играчи во своите редови.

– Моменталната состојба со коронавирусот во КК Работнички е главната причина поради која не отпатуваме на вториот турнир во АБА 2 лигата, обелодени скопскиот клуб.

Во клупското соопштение се наведува дека, засега, најмалку четворица кошаркари се заразени со коронавирус.

-Уште неколку други пројавуваат симптоми. Во моментов 14 играчи и членови на стручниот штаб имаат добиено решенија за 14-дневна изолација. Во брзо време ќе добиеме резултати од новите тестирања со што ќе имаме појасна слика кои играчи и членови на стручниот штаб се позитивни, соопшти Работнички. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here