ПСЖ ја почна одмаздата, Челси речиси полуфиналист

0
3


Дуелот на ланските финалисти му припадна на парижаните, додека лондонските „Сини“ славеа на гости против португалсиот шампион.

Она што Килјан Мбапе беше немоќен да го направи на финалето во август, му успеа синоќа на снежниот терен во Минхен. Уште во 3. минута му донесе водство на ПСЖ, а 25 минути подоцна Маркињус го дуплираше водството пред упорните Германци да се вратат во игра.

Максим Шупо-Мотинг во 37. минута и Томас Милер во 60-тата се погрижија да се врати неизвесноста, но брзоногиот Мбапе осум минути подоцна погоди за ново водство на ПСЖ, водство кои баварскиот клуб не можеше одново да го анулира.

Далеку од тоа дека патникот во полуфиналето е решен бидејќи резултатот е и тоа како активен, но ПСЖ покажа дека сепак може да се носи со Баерн откако во ланското финале не можеше ниту сериозна шанса да создаде.

Порто го пречека Челси на наутрален терен во Севиља каде Англичаните подобро се снајдоа. Со головите на Мејсон Маунт во 32. минута и на Бен Чилвел пет минути пред крајот, „Сините“ остварија одлична предност која им гарантира каде-каде помирен реванш.

Тимот на Томас Тухел успеа да го направи она што минатата рунда не му успеа на Јувентус кој беше жртва на португалскиот шампион.

Реваншите помеѓу овие четири тима се закажани за вторник, нареднава недела.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here