ПСЖ му одговори на Перез – Ова е цената за Мбапе!

0
73
loading...

Првиот човек на Реал Мадрид Флорентино Перез истакна дека во своите редови ги посакува Килијан Мбапе и Нејмар, а кога станува збор за францускиот играч, првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи истакна дека клубот не е заинтересиран за продажба.

Нејмар е најскапиот фудбалер на сите времиња, втор на листата е Килијан Мбапе кој е платен околу 180 милиони евра.

„Го сакате ли телефонскиот број на Мбапе? Не би го дал ни за милијарда евра. Нема шанси да го продадам. Не постои цена за него“, изјави Келаифи.

Мбапе многумина го гледаат како идниот најдобар фудбалер на светот, како што денеска се Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а францускиот фудбалер има само 20 години и со своите достигнувања покажува дека би можел да постигне и повеќе од Аргентинецот и Португалецот.

loading...
loading...