ПСЖ вечерва може да влезе во историјата: По само 3 кола да помине група

0
127


Фудбалерите на парискиот гигант уште денеска можат да прослават пласман во осминафинлето доколку го победат Бриж, но и им се наредат коцките на другиот натпревар од нивната група.

Досега на ниту еден тим од Лигата на шампиони, откако се играат натпревцри по групи, не му успеало да обезбеди пласман по само три кола. Благодарение на досегашните резултати во групата А, ПСЖ има добра шанса да стане првиот тим на кого тоа му успеало.

Вечерва „Светците“ гостуваат во Бриж и им е потребен триумф. Но, евентуални 3 бода во Белгија нема да им гарантираат историски пласман доколку не им оди во прилог и резултатот од Истанбул. Таму Галатасарај го пречекува Реал Мадрид, а парижаните ќе навиваат да нема победник.

Доколку Турците и Шпанците ги поделат бодовите, тогаш ПСЖ ќе има 9 бода, а сите останати по 2, што значи дека по само три кола веќе ќе обезбеди осминафинале.

До крајот на групната фаза ќе останат уште три кола, па математички ќе биде невозможно дури два клуба да го престигнат ПСЖ. Парижаните дури и ќе можат да си дозволат луксуз и да ги загубат преостанатите три натпревари.

Денешните натпревари од оваа група почнуваат во 21 часот, а некаде пред 23 ќе го знаеме епилогот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here