Пронајдени 15 мигранти од Египет кај Лојане

0
93


Скопје, 26 октомври 2019 (МИА) – Петнаесет мигранти од Египет се пронајдени синоќа пред влезот на село Лојане, општина Липково.

Како што соопшти МВР, во 22:10 часот на местото викано Обиколница Костурник, во близина на граничниот премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила, Mercedes и Audi, но тие не застанале и веднаш се преземени мерки за нивно пронаоѓање.

При пребарување на реонот, пред влезот на Лојане ги пронашле мигрантите кои потоа се пренесени во Прифатниот центар Табановце.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here