Продолжува палењето на возила во Штип

0
251

Во полициската станица во Штип денеска е пријавено дека е опожарено возило, сопственост на жител во селото Стар Караорман. Денеска делумно е опожарено патничко моторно возило „туарег“, со бугарски национални ознаки, сопственост на  Б.Ј.(58), соопшти СВР Штип. Сопственикот е во угостителскиот бизнис, поседува кафеана во селото.

Случајот не е пријавен во ППТЕ Штип, односно пожарникарите не биле повикани да интервенираат.

Нема информации дали возилото намерно е запалено, како во претходните неколку случаи. Сопственикот тврдел дека возилото намерно му е запалено. Во пластиката до резервоарот бил пронајдено остаток од импровизирана направа.

Со денешното, вкупно 21 возила се опожарени од почетокот на година. Дел се самозапалени, додека за шест полицијата соопшти дека води истрага.

Во недостаток на повеќе информации од истражните органи, во Штип има бројни шпекулации.Најзастрашувачка е таа дека има список од 40-тина возила, сопствноест на сегашни и поранешни функционери, бизнисмени и политичари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here