Притвор за жител на Арачиново поради убиство

0
105


Скопје, 16 ноември 2019 (МИА) – Полицијата го приведе Б.Р. (28) од скопско Арачиново, според поднесената кривична пријава, поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, а судија на претходна постапка му определи притвор.

Кривичното дело осомнчениот го извршил на 18 август околу 17:20 часот на ул.„21“ бр.152 во село Мојанци, кога поради меѓуфамилијарно нетрпение, со употреба на огнено оружје му нанел тешка телесна повреда на З.А.(30) од Арачиново, кој починал на 9 септември годинава во УК „Св.Наум Охридски“ – Скопје, како последица на нанесената повреда.

-На 18.08.2019 околу 16:00 часот во с.Мојанци, А. А., брат на починатиот З.А., по кратка вербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал А.З., татко на пријавениот и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 с.Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје.

По преземени мерки, Б.Р. е приведен и предаден на ОЈО Скопје, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here