Принцот Џорџ наполни седум години, мама Кејт го направи роденденскиот портрет

0
40


Британското кралско семејство објави официјални фотографии по повод седмиот роденден на принцот Џорџ.

Фотографиите, меѓу кои и роденденскиот портрет, ги направи мајка му, војвотката од Кембриџ.

Се претпоставува дека фотографиите се снимени во семејниот дом во Норфолк.

Кенсингтонската палата соопшти дека принцот Вилијам и Кетрин се „пресреќни“ што може да ги споделат овие фотографии со јавноста.

Принцот Џорџ Александер Луи е роден на 22 јули 2013 година. Тој е правнук на кралицата Елизабета Втора. Ќе биде 43-тиот монарх откако Вилијам Освојувачот ја добил англиската круна во 1066 година, по линија на дедо му Чарлс, принцот од Велс, и татко му Вилијам, војводата од Кембриџ.

Кејт неколкупати ги фотографираше Џорџ, сестра му Шарлот (5) и брат му Луи (2) во текот на карантинот, како им даваат аплауз на здравствените работници.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here