Приказната за кактусот кој нигде не се вклопува

0
126


Приказната е напишана и режирана од дуото од Даблин – Кери Костело и Џилиен Селин од Brown Bag Films. Анимираниот филм „Иглички и шпенадли“ ја раскажува приказната за новите деца кои се обидуваат да се вклопат во околината.

Со музиката на Дарен Хиндли ова е приказна за „отпадникот“ – бодликавиот кактус кој се обидува да пронајде пријател кому нема да му нанесе болка во светот на „нормалните“ цвеќиња. Кактусот е ново растение во градината кое е веднаш отфрлено од другите цвеќиња поради својата различност.

Исмеван од сончогледот и глуварчето тој копнее по пријател и во неверојатни околности го запознава ежот. Поради меѓусебната сличност двајцата стануваат најдобри пријатели покажувајќи ја разноликоста на пријателството.

Филмот е прикажан на неколку фестивали каде е и наградуван.

Можеби сакате да ја дознаете и приказната за Стела и за празничната осаменост.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here