Приведен државјанин на Германија, се обидел да пренесе мигранти од Гана

0
99


Во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ синоќа во 22.40 часот од слобода бил лишен К.E. (33) од СР Германија поради тоа што во патничко возило „Фолксваген“ со германски национални ознаки превезувал три лица од Гана, кои при пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи, односно патни исправи сопственост на лица од Шведска, Германија и Холандија.

По преземени мерки, соопшти денеска МВР, било констатирано дека приложените патни исправи биле пријавени за украдени во текот на 2019 година, а во разговор со полициски службеници лицето изјавило дека ги набавило во Германија.

– Возачот бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Трите лица од Гана ќе бидат пренесени во Прифатниот центар за странци во Скопје. Во врска со настанот, од слобода била лишена и Р.А. (30) од Италија, која била сопатничка во возилото, стои во соопштението.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here