Претседателот Пендаровски ги прими членовите на новиот состав на Владата

0
109


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, попладнево ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување избори на пратеници.

Претседателот Пендаровски, како што стои во соопштението од неговиот Кабинет, го честиташе изборот на новиот владин состав и изрази очекување „во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, да го потврдиме демократскиот капацитет на Северна Македонија и да се спроведат предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here