Прес Центар: Зад „Ел Чека“, „Ла верита“ и останатите странски машинерии се кријат Груевски, Мијалков и Камчев?!

0
366

Дали почетокот на т.н „ОБНОВА“ е странска добро припремана организација под диригентска палка на бегалецот Груевски во кои главни ликови се Мијалков, Камчев и двајцата азиланти Грујевски и Бошковски, анализира Прессцентар.мк.

„Се изнаслушавме „бомби“ се изнаслушавме приказни, се изнаслушавме еден куп лаги и манипулации само не ја слушнавме ВИСТИНАТА.

Не е јасен мотивот на опозицијата, а од авион се гледа дека е дебело платена нарачка да токму преку италијански весник бидат објавувани шокантни вести бидејќи ние домашните медиуми сигурно нема да поверуваме да приказните од бегалецот и екс премиер кој 11 години ја водеше државата како ДООЕЛ друштво поточно кажано ФАМИЛИЈАРНА!

Заев побарал од Силјан парите да бидат одмрзнати, Заев побарал ова, Заев побарал она, а случајот РЕКЕТ е веќе завршен, т.е поднесен е обвинителен предлог/акт каде премиерот ниту е споменат нит осомничен ниту обвинет.

Зошто на ист ден пред лидерската средба се објавуваат овие според нас ЛАЖНИ ВЕСТИ и како тоа опозицијата со вакви вести сака да го омоловажи македонскиот народ мислејќи дека народот „пасе трева“ и дека со слични приказни кои 11 години не лажеа и мотаа мислат дека ќе не убедат дека „магарето лета“.

Прес Центар истражувајќи и анализирајќи го ликот и профилот на контраверзниот фејсбук профил „Ел Чека“ имаме сознанија дека профилот и ликот „Ел Чека“е само лик/жртва која се нафатил да биде слуга на Груевски и да со copy-paste „информации“ ја труе целата јавност во државата.

п.с Ова е само најава дека имаме ДОКАЗИ дека Груевски и те како е вмешан во ШИРЕЊТО ЛАЖНИ ВЕСТИ во државата, а неговиот сенка мегафон Мицкоски со лажна надеж мисли дека со лага ќе ја „ОБНОВИ МАКЕДОНИЈА“…

Машинеријата на ВМРО ДПМНЕ во недостиг да си ги избришат сопствените го*на, сега мораат да играат преку странски земји со дезинформации бидејќи и мало дете во нашата држава знае дека немаат никаков капацитет за власт, а најмалку пак образ да зборуваат за ОБНОВА.

Драг Мицко да беше паметен и да не го слушаше твојот „ментор“ од Будимпешта може и ќе ти поверувавме во некој твој збор, но и самиот си призна дека сеуште немаш ниту програма ниту идеја како до следен мандат без ФАМИЛИЈАТА која не остави како гревчиња да тониме во бунарот без дно додека сите Вие се нафатиравте и фативте УЏУМ од државата…

И за сам крај што ли се му е ветено на ликот Ел Чека за да одработува за Груевски и ВМРО ДПМНЕ?!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here