Престапна 2020 година: Интересни факти за 29 февруари

0
95


Една Сончева година отприлика трае 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди. Овие дополнителни скоро 6 часа се причината за тоа што постојат престапни години.

Годината со 366 дена, колку што има секоја четврта година, ги поттикнува жените да ги запросат мажите и прави роденденската прослава да биде многу збунувачка за некои луѓе, кои ете слават роденден на секои 4 години.

Но, ова се само неколку причини поради кои 29 февруари е интересен.

1. Престапна година и престапна секунда

Целта на престапните години е во тоа да помогнат во адаптирањето на Грегоријанскиот календар со соларниот и да се осигура настаните како пролетна рамноденица да се случуваат на време. Но, ни дополнителниот ден во февруари секоја четврта година не може да обезбеди целосно точно ускладување поради што научниците се повикуваат на „престапна секунда“.

Престапна секунда е додавање на една секунда, што повремено се применува на координирано универзално време за да се намали разликата меѓу прецизното време кое го мериме со часовник и непрецизното соларно време, кое варира поради долготрајното забавување на ротацијата на Земјата.

2. Како знаеме која година е престапна?

Многу едноставно, ако последните две цифри на годината се деливи со четири во прашање е престапна година. Годините кои означуваат крај на векот се надвор од ова правило. Тие мора да бидат деливи со 400 за да будат престапни години. На пример, 2000 година и 2400 година се престапни, но 2100 година нема да биде.

3. Зошто жените ги запросуваат мажите на 29 февруари?

http://kajgana.com/

Откако папата Григориј XIII го прогласи Грегоријанскиот календар во 1582 година, идејата за додавање на 29 февруари секои четири години изгледаше смешна, па во британскиот театар беше одиграна комична претстава на која се истакна дека жените на тој ден би требало да ги заменат здолништата со панталони и да се однесуваат како мажи.

Претставата е означена како сатира, но до 18 век жените многу често го користеле 29 февруари за да ги запросат мажите. Традицијата го достигна врвот во 20 век и до денес се применува во Велика Британија.

4. Прослава на роденден

Во светот постојат околу 4 милиони луѓе родени на 29 февруари. Веројатноста на овој ден да се роди некои дете е 1:1.500.

Луѓето родени на 29 февруари имаат проблем со роденденската прослава, но се случува и некој да почине на тој ден. Според Енциклопедијата на светското наследство, Џејмс Милн Вилсон, по потекло Британец, во текот на животот станал осмиот премиер на Тасманија роден на престапен ден и починат токму на престапен ден, на 68 години.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here