Премиер лигата почна да го крои распоредот за сезоната со зимскиот Мундијал

0
115


Иако има уште три години до Мундијалот во Катар, Англичаните веќе планираат како би изгледал распоредот кога на сред сезона ќе се одржува Светско првенство.

Провизорниот план вели дека Премиер лигата би се играла до само 9 дена пред почетокот на Мундијалот, а би продолжила 8 дена по финалето.

Сезоната 2022/23 би почнала една недела порано од вообичаеното, а би завршила една недела подоцна. Тоа е поради непланираната пауза заради Мундијалот.

Поради високите температури во земјата домаќин, ФИФА донесе одлука Мундијалот во Катар да се игра на зима. Ќе почне на 21 ноември, а ќе заврши на 18 декември.

http://kajgana.com/

Чемпионшип лигата исто така ќе прави пауза, додека сезоната во лигите од Лига 1 надолу ќе се игра регуларно, без прекин.

Англичаните кројат планови, но на крајот ФИФА може да им ги помати. Според нивниот провизорен распоред играчите на своите репрезентации би им се приклучиле само 8 дена пред почетокот на Мундијалот, нешто што ФИФА веројатно нема да го дозволи и ќе бара подолг период.

УЕФА, на пример, ќе почека прво што ќе реши ФИФА за потоа да го прави календарот за Лигата на шампиони и Лига Европа.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here