Премиерата на супер-оружјето на Путин закажана на парадата во Москва

0
390
loading...

На воената парада на Денот на победата над Црвениот плоштад во Москва ќе летаат ловците Су-57, Су-30СМ и МиГ-СМТ, стратешките носачи на ракети Ту-160, бомбардерите Ту-22М3 и разни други авиони на руското воено воздухопловство.

Авионите ќе летаат на висина од 150 метри со брзина од 200 километри на час, додека пак бомбардерите и воените транспортери ќе летаат на висина од 300 до 500 метри.

На парадата Русија ќе се пофали со разни типови на оружје и воена техника. Меѓу нив се и против-воздушните ракетни системи Топ-М2, борбеното возило „Терминатор“, роботизираните комплекси „Уран 6“ и „Уран 9“, современи дронови и така натаму.

loading...

Како што соопшти рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, на Црвениот плоштад ќе поминат 190 единици со најмодерно вооружување и тоа ќе биде претставување на таканаречената „современа руска војска“.

Сепак, се чини дека главни „ѕвезди“ во Москва ќе бидат ракетните системи „Сармат“, подводните дронови, нуклеарните крстосувачки ракети, воздушните ракетни системи „Кинџал“ и ласерско и хиперсонично оружје.

Се разбира, споменатото оружје беше дел од фамозниот говор на Владимир Путин пред руското Федерално собрание на 1-ви март кога рускиот претседател го најави оружјето, означувајќи го како најмоќно оружје на светот и непобедливо.

loading...