Преку отисок од прст може да се открие што сте внеле во организмот

0
94


Новата технологија може да открие дали некој неодамна користел хероин, дури иако ги измил рацете. Научниците веруваат дека новата технологија ќе им помогне на оние коишто се борат од некоја зависност.

Напредната технологија може да ѝ помогне на полицијата да ги идентификува корисниците на дрога и дилерите. 

Форензичкиот тест кој го развија научниците во Велика Британија може да ги разликува корисниците на дрога од оние кои случајно дошле во контакт со неа ракувајќи се со некој друг кој бил во контакт со наркотични средства.

Научниците од Универзитетот во Суреја направија алатка користејќи го отисокот од прст од десет пациенти кои се на лечење на клиниката за рехабилитација, а кои во претходните 24 часа користеја хероин или кокаин.

Учесниците требало темелно да ги измијат рацете со сапун и вода пред да стават ракавица за еднократна употреба, па да дадат отисок од прст.

Истата постапка ја спроведоа на 50 волонтери кои се изјаснија дека не користат наркотични средства, што им овозможи на научниците да ги разликуваат примероците. 

http://kajgana.com/

   „Нашиот тим од Универзитетот во Суреја верува дека технологијата која ја развиваме ќе им помогне на оние на кои им е потребна помош да ја победат зависноста од дрога“.

Освен што ќе биде корисна за полицијата, оваа технологија ќе биде корисна во борба против зависноста, затоа што со отисокот од прст може да препознае дека лицето користело хероин, вели докторката Мелани Бејли, коавторка на студијата објавена во списанието The journal of analytical toxicology. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here