Предлог за ручек: Полнети тиквички

0
69


За денешниот ручек ви предложуваме да направите полнети тиквички на грчки начин.

Состојки:

4 тиквички

4 домати

1 кромид

3 чешниња лук

300 гр. мелено месо

100 гр. ориз

30 гр. сечкани бадеми

30 гр. суво грозје

Сол и бибер

Пиперка

Цимер

Мелен ким

4 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

Исечкајте кромид и лук, па измешајте со мелено месо, бадеми и суво грозје, посолете и додајте пиперка, ким и цимет. Доколку сте вегетаријанец, наместо мелено месо може да ставите пченка и маслинки.

Преполовете ги тиквичките и извадете ја внатрешноста, па наполнете со подготвената смеса. Наредете ги тиквичките на тава, полијте ги со маслиново масло и посолете со буковец.

Одозгора наредете кругови домати и печете околу 35 минути на 200 степени.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here