Предлог за брз ручек: пилешко со зелечук

0
115


Додолку сте љубители на кинеската храна, ова јадење ќе ви се допадне.

Се работи за доста едноставен рецепт за сечкано пилешко и зеленчук кое не бара многу време и е идеално за сите оние кои немаат време за готвење.

Потребни состојки:
500 гр пилешки гради
500 гр нудлси
1 тиквичка
1 праз
1 кромид
4 чешниња лук
2-3 моркови
200 гр шампињони
1/5 зелка
50 мл сос од соја
3 лажици масло
сол
бибер
Маринада:
1 лажичка сенф
2 лажици сос од соја
1 лажица балсамико оцет
1 лажичка мелен сладок пипер
бибер

Подготовка:
Исечкајте ги пилешките гради на мали коцки. Измешајте ги состојките за маринадата, па ставете го пилешкото и добро измешајте. Оставете да отстои 15 минути. Исчистете го зеленчукот и ситно исечкајте го. Пилешкото пржете го во загреано масло, во вок тава, 3-4 минути на висока температура. Додадете зеленчук (освен тиквичките и печурките) и продолжете да динстате 3-4 минути. Потоа, додадете ги тиквичките и печурките. Додадете 1 дл вода доколку е потребно. Истурете го соја сосот, зачинете и динстајте уште 5 минути. Додадете варени и исцедени нудлси. Добро измешајте и додадете повеќе соја сос по потреба.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here