ПРЕДЛОГОТ НА ЗАЕВ ЗА БРЗИ ИЗБОРИ НЕ Е ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА АНАЛИТИЧАРИТЕ

0
148

Одлуката за предвремени парламентарни избори која денеска ја соопшти премиерот Заев не ја изненади експертската јавност во земјата. Црвеното светло кое Франција го даде со што не дозволи датум за старт на преговорите, а Македонија заедно со Албанија и натаму остануваат во чекалната, дел од аналитичарите велат дека не ни можело поинаку да се рефлектира на домашната политичка сцена бидејќи земјата влегува во нова политичка криза.

Аналитичарот Исмет Рамадани пак вели лидерите на партиите се тие кои треба да одлучат за следните чекори односно кога би бил најдобар период за распишување на предвремените парламентарни избори и кога е најдобро тие да се одржат, иако како што вели фокусот на земјата и натаму треба да биде насочен кон евроинтеграциите независно од тоа која ќе биде следната влада.

Иако опцијата предвремени парламентарни избори премиерот Заев до пред конечната одлука на Европскиот совет не ја споменуваше, сепак денеска посочи дека деталите околу претстојните предвремени парламентарни избори ќе ги пеглаат утре на лидерската кај шефот на државата Пендаровски. 

По потпишувањето на Пржинскиот договор досегашната пракса беше токму формирање на 100 дена техничка влада пред парламентарните избори. 

Заев на денешната прес-конференција не рече дека ќе си поднесе оставка, но дополни дека чувствува одговорност, а негативната одлука за нашата земја во Брисел практично и го најави првиот конкретен епилог на домашната политичка сцена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here