Преговорите за името не се во криза, се работи на документот

0
216
loading...

Преговорите со Грција за спорот за името не се во криза, тврди за Плусинфо извор добро упатен во преговарачкиот процес.

По дводневните шпекулации за тоа дека преговорите наводно пропаднале, или дека се во тешка криза, Плусинфо вечерва со прецизни информации за тоа што се случува со преговарачкиот процес.

– Преговарачкиот процес продолжува. Се работи на документот и затоа е потребно уште извесно време за финализирање на договорот – вели нашиот извор.

Според него, шпекулациите дека преговарачкиот процес е пропаднат се неточни и му штетат на процесот.

loading...
loading...