Преглед на 2. коло во 1.МФЛ

0
33


Второто коло во македонската фудбалска лига донесе победи за Вардар, Шкендија, Работнички и Шкипи, втор пораз за Академија Пандев и Беласица, додека Борец испушти шанса да остане единствениот тим со максимален ефект.

Дориев го прославува голот; Фото: ФК Шкендија Тетово

Главниот кандидат за титулата, тетовска Шкендија, ја оствари првата победа во новата сезона откако во воведното коло одигра нерешено во Чаир. Со головите на Тотре и Дориев, по еден во секое полувреме, ја оправда улогата апсолутен фаворит во дуелот со Струга. Особено вториот гол на засилувањето Дориев е веројатно гол на колото откако убаво си поигра со гостинската одбрана.

Стадион „Градски“ во Тетово
Шкендија – Струга 2:0 (1:0)
Стрелци: 38′ Еннур Тотре, 90’+2 Љупчо Дориев
Судија: Боби Величков (Велес)

Борец пропушти одлична прилика по две кола да биде единствениот тим со перфектен скор, односно две победи. Велешани поведоа против Ренова со одличниот лоб на Србинот Радовиќ, но несреќен автогол на минута до крајот им донесе бод на гостите од Џепчиште.

Стадион „Зоран Паунов“ во Велес
Борец – Ренова 1:1 (1:0)
Стрелци: 40′ Никола Радовиќ – 89′ (аг) Оливер Стоименовски
Судија: Марјан Стојановски (Кичево)

Проблематичниот Вардар дојде до првите три бода и тоа со гостинска победа во Струмица. Пред очите на газда Горан Пандев, Академија Пандев тотално разочара, не само со поразот, туку пред сѐ со играта.

Загрижениот Пандев на трибините

Откако во 61. минута домашниот голман Алчинов играше со рака надвор од шестнаесетникот, заработи исклучување поради втор жолт картон. На голот на „Пандевци“ застана 17-годишниот дебитант Филип Тупалов кој во 77. минута не можеше да го одбрани пеналот на ветеранот Блажевски. Имено, Томислав Илиев го собори Матеј Цветановски во казненииот простор, а ударот од белата точка се покажа решавачки.

Стадион „Благој Истатов“ во Струмица
Академија Пандев – Вардар 0:1 (0:0)
Стрелци: 77′ (п) Дејан Блажевски
Црвен картон: 61′ Марко Алчевски, 90’+7 (клупа) Сашко Пандев (АП), 90′ Јован Попзлатанов (В)
Судија: Кирил Смоквоски (Прилеп)

Откако во првото коло прокоцка водство од 2:0 против Шкендија, Шкупи овој пат одигра нов интересен натпревар. При 1:1 со Македонија ЃП, домашниот играч Адеми заработи втор жолт картон оставајќи го Шкупи со 10 играчи. Но, наместо „Лавовите“ да ја искористат играчката предност, домашните преку африканските интернационалци Дарбо и Џак постигнаа два гола и ги земаа трите бода.

Стадион „Чаир“ во Прилеп
Шкупи – Македонија ЃП 3:1 (1:0)
Стрелци: 4′ Фатјон Јусуфи, 76′ Дембо Дарбо, 90’+3 Ламин Џак – 54′ (п) Сефер Емини
Црвен картон: 70′ Илирид Адеми (Ш)
Судија: Марјан Младеновски (Скопје)

Во саботниот натпревар Работнички ја оствари првата победа славејќи над Беласица која, пак, го запиша вториот пораз и тоа без постигнат гол. „Романтичарите“ доминираа во текот на целиот натпревар, можеа да слават и поубедливо, но само Ѓурѓевиќ на двапати успеа да ја затресе гостинската мрежа.

Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје
Работнички – Беласица 2:0 (1:0)
Стрелци: 38′, 50′ Фахрудин Ѓурѓевиќ
Судија: Марјан Ецкоски (Охрид)

Колото се отвори уште во петокот откако на барање на Силекс, а поради утрешниот настап во квалификациите од Лигата на шампиони, натпреварот со Пелистер беше поместен за некој ден плус одмор. Иако двата тима прикажаа прилично неквалитетна и монотона игра, паднаа два гола и два пресврта. Поведоа битолчани уште по 6 минути игра, кратовчани наравија пресврт, а со ремек-дело од слободен удар Танушев ги постави конечните 2:2.

Стадион „Силекс“ во Кратово
Силекс – Пелистер 2:2 (1:1)
Стрелци: 43′ Бурхан Мустафов, 58′ Иван Ивановски – 6′ Лавдрим Фазлиу
Судија: Константин Влахо (Скопје)





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here