Прво правило што мора да го почитувате на прв состанок

0
93


Првите состаноци со себе носат возбуда, трема, големи очекувања и пеперутки во стомакот. Што би можело да тргне наопаку?

Ако сакате првиот состанок со потенцијалниот партнер да помине успешно, мора да го испочитувате ова правило: заборавете на мобилниот!

Анкетата што ја спроведе британската компанија YouGov покажа дека користењето на мобилниот – повици, пораки, фоткање, проврување социјални мрежи – е најлошото нешто што можете да го направите на прв состанок.

Тоа важи и за мажите и за жените, и за хетеро и за геј двојки.

http://kajgana.com/

Дури 69% од мажите и 70% од жените кои учествувале во анкетата се согласуваат дека користењето на мобилниот телефон за време на состанокот е крајно непривлечно, па дури и одбивно.

Повеќето од нив рекле дека поради такво однесување не би сакале да имаат втор состанок со личност која го правела тоа на првата средба.

На второ место на листата работи што најмногу одбиваат се нереалните фотографии објавени на социјалните мрежи или апликациите за запознавање. Ова им пречи на 52% од мажите и на 43% од жените.

http://kajgana.com/

Трета најодбивна работа е прегласно џвакање – за ова се изјасниле 25% од мажите и 31% од жените во анкетата.

Понатаму на листата работи кои не треба да ги правите на прв состанок (ако сакате да има втор) се: немојте да зборувате само вие и само за себе, немојте да очекувате дека другиот ќе ја плати целата сметка, немојте да доцните и немојте цело време да молчите.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here