По 40 години Иранките за првпат ќе смеат на стадион

0
83


Иранките по четири децении чекање денеска повторно ќе можат да влезат на фудбалски натпревар во стадионот во Техеран, откако ФИФА се закани дека ќе го суспендира тимот на Иран од натпревари бидејќи на трибините смееја да седат само мажи.

На Иранките им беше забрането да влегуваат на стадиони скоро 40 години. Изговорот беше жените да бидат заштитени од гледање полуголи навивачи и од машко опкружување. ФИФА минатиот месец нареди на Иран да им дозволи пристап до стадионите без никакви ограничувања. Одлуката е донесена откако една навивачка се самозапали од страв дека ќе заврши 6 месеци во затвор бидејќи маскирана во маж влегла да гледа фудбалски натпревар. Младата девојка почина по една недела од повредите.

http://kajgana.com/

Иранките брзо ги искупија влезниците за денешниот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2022 година меѓу Иран и Камбоџа. Првиот контингент женски влезници се распродаде за помалку од еден час, а истото се случи и со дополнителните билети. Меѓу 3.500 жени кои успеаја да набават билет е и спортската новинарка Раха Пурбахш која никогаш во живо не гледала фудбалски натпревар.

http://kajgana.com/

„Сè уште не можам да поверувам дека ова ќе се случи. По сите овие години работа во фудбалот, а сето тоа гледајќи го од телевизор, сега конечно можат да гледам натпревар и лично да го доживеам“, изјави таа за AFP.

Оние жени кои ќе присуствуваат на денешниот натпревар ќе бидат одвоени од машките навивачи и ќе бидат надгледувани од 150 полицајки.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here