По историскиот катастрофален старт на Шефилд: Срам ни е

0
7


Сите во Шефилд Јунајтед се чувтсвуваат засрамени бидејќи сѐ уште немаат победа во Премиер лигата, тврди Бен Озборн по синоќешниот нов пораз, овој пат од Евертон.

Во првите 15 кола Шефилд Јунајтед освои само два бода и тоа од двете нерешени против Брајтон и Фулам, двата со резултат од 1:1. Доживеа дури 13 порази и веќе е на дури 9 бодови од безбедната зона.

Тоа е најлошиот старт во историјата на Премиер лигата, а во првите четири лиги на англискиот фудбал ист таков лош старт имале само три клуба: Бароу и Њупорт Каунти во сезоната 1970/71 (четврта лига) и Саутпорт во 1973/74 (трета лига).

„Ќе ни биде многу тешко да останеме во лигата, но мораме да дојдеме до таа прва победа. Момците се мотивирани, не можеме да бидеме помотивирани и срам ни е што сме во оваа ситуација, со сите тие негативни рекорди“, вели левиот латерален играч Бенџамин Озборн.

„Во последните неколку кола играме добро, мотив не ни недостасува, но мораме да ги засукаме ракавите и да продолжиме понатаму“, додава тој.

Наредната панса за победа на Шефилд е во вторник кога му гостуваат на Барнли.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here