По Бетис, сега и Монако влезе во игра за потписот на Адеми

0
140


Клубот од кнежеството сега е најсериозен кандидат за следна дестинација за капитенот нa загрепски Динамо и македонски репрезентативец.

Дали конечно Аријан Адеми ќе ја напушти хрватската лига и ќе го направи следниот чекор во кариерата? Секој трансфер период играчот од средниот ред се поврзува со клубови ширум Европа, но на крај останува во хрватската престолнина.

Откако пред некој ден шпанските медиуми пренесоа дека Бетис е сериозно заинтересиран за неговите услуги, се чини до трансфер нема да дојде. Навивачите на клубот од Севиља не беа воодушевени од тоа нивниот миленик да доведе 28-годишен играч кој никогаш не играл вон Хрватска, па веројатно тоа е и причината поради која управата на клубот се реши да не испрати понуда.

https://kajgana.com/

Затоа, сега во игра влезе Монако, единствениот клуб од истоименото кнежество кој се натпреварува во француската Лиг 1. Како што пренесува француски Eurosport, од нивни извори во клубот дознале дека Монако планира да ја засили дефанзивата во средниот ред токму со репрезентативецот на Македонија.

Адеми со Динамо има договор до јуни 2023 што значи дека доколку Монако навистина сака да го види на „Луи II“ ќе мора да се договори со „Модрите“ за оштета. Според реномираниот Transfermarkt, моменталната вредност на Адеми е 7 милиони евра, а се верува дека Динамо за својот капитен не би прифатил сума под 10 милиони евра.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here