Почнува гласањето за НБА Ол Стар, навивачите бираат фаворити

0
111


Гласањето за НБА Ол Стар натпреварот почна денеска во 17 часот, а навивачите ширум светот имаат прилика да ги изберат своите фаворити за 69-тиот натпревар на најдобрите играчи во НБА лигата кој годинава ќе се игра во United Center во Чикаго на 16 февруари.

Навивачите ширум светот ќе имаат прилика да изберат кои играчи ќе настапат на НБА Ол Стар, со гласање преку апликациите Google и Google Assistant, како и преку апликацијата на НБА и страницата NBA.com.

Можете да гласате секој ден по еднаш, а сите играчи кои моментално играат во НБА лигата се во конкуренција.

Гласањето завршува на 20 јануари, а навивачите ќе имаат шанса пет пати да доделат двојни гласови и тоа на 2, 3, 10, 16 и на 20 јануари.

Покрај навивачите, кои во изборот учествуваат со 50%, играчите и медиумите исто така ќе учествуваат со по 25% отсто од гласовите.

Двата играчи кои ќе имаат најмногу гласови ќе бидат капитени и ќе бираат стартери од листата, а тренерите ќе бираат резерви.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here