Почина Лук Пери, ѕвездата од серијата „Beverly Hills 90210“

0
47
loading...

Откако минатата недела доживеа сериозен мозочен удар, Лук Пери почина денеска на 52-годишна возраст. Ѕвездата на серијата „Beverly Hills 90210“ не успеа да се избори со последиците од ударот и почина во болницата „Св. Џозеф“ во Бурбанк.

Покрај актерот во последните моменти од неговиот живот беа поранешната сопруга, неговите деца, свршеницата, неговите родители, брат му и неколку лични и семејни пријатели.

Тој беше пренесен во болница откако доживеа мозочен удар минатата среда, а таму докторите го ставија во вештачка кома за да му дадат поголеми шанси на неговиот мозок да се избори со последиците. Сепак, тоа не беше доволно и актерот го загуби животот.

Роден во Мансфилд, Охајо, Лук имаше значително голема улога во телевизискиот свет во 80-тите и 90-тите. Откако ја доби првата шанса да се докаже на големата сцена, тој ги освои срцата на љубителите на серијата „Beverly Hills 90210“, појавувајќи се во улогата на Дилан. А потоа, неговата кариера се вивна во височините и стана добро познато име дури и во Холивуд.

loading...
LUKE PERRY
EFA55P LUKE PERRY & SHANNEN DOHERTY BEVERLY HILLS 90210 (1994)
loading...