Почина лице кое меѓу првите ја примило вакцината против КОВИД во Швајцарија

0
22


Во швајцарскиот кантон Луцерн почина едно лице, чиј идентитет не се соопштува, а било меѓу првите вакцинирани во Швајцарија.

Тамошните здравствени власти ја потврдија смртта, но според пишувањето на Zeitpunkt, не е утврдено дали постои врска меѓу вакцината и причината за смрт.

Според швајцарските медиуми, станува збор за лице кое е вакцинирано на 24 декември, а починало вчера.

Кантонот не го открива идентитетот на починатото лице и не објавува повеќе детали.

Овој случај е пријавен во Швајцарскиот институт за лекови „Swissmedic“ кој ја одобри вакцината на компанијата BioNtech-Pfizer во Швајцарија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here