Почина Али Вилис, авторка на најавната песна од серијата Friends

0
123


Кантавторката Али Вилис, која ја напиша најавната песна за популарната серија Friends, почина на 72 години од срцев удар.

Вилис е авторка на низа хитови во музичката индустрија, меѓу кои „September“ на „Ерт, винд енд фајр“, а има соработувано и со ѕвезди како Боб Дилан, Херби Хенкок, Џејмс Браун, „Пет шоп бојс“ и „Поинтер систерс“.

Песните на Вилис се имаат продадено во повеќе од 60 милиони примероци ширум светот, а музичарката има освоено и две Греми награди – едната за нејзиниот придонес во саундтракот за „Beverly Hills Cop“, а другата за музиката за бродвејскиот мјузикл „The Color Purple“.

Таа исто така ја напиша познатата песна „You’re the Best“ за филмот The Karate Kid.

За пошироката јавност е позната како авторка на песната „I’ll Be There for You“ на „Д Рембрантс“ која беше земена за најавна песна на популарната ТВ-серија Friends што се емитуваше од 1994 до 2004 година.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here