Поучна приказна: “Биди упорен”

0
103


Во животот треба да бидете упорни и трпеливи за да можете да ги остварите вашите зацртани цели. Прочитајте ја оваа поучна приказна што ќе ве мотивира да бидете упорни и да не се откажувате од тоа што сакате да го постигнете.

Избувнала војна меѓу две соседни кралства. Војсководачот на едната војска го предизвикал на двобој восководачот на другата војска. По тешката борба, тој го совладал, го заробил, му ставил синџири и го одвел во затвор. Војската на поразениот војсководач се распаднала, а војниците се разбегале низ пустината плашејќи се дека непријателот ќе ги стигне, ќе ги фати и ќе ги фрли и нив во затвор.


Но, се случило нешто неочекувано. Поразениот војсководач успеал да побегне од затвор, а кога стигнал до еден извор среде пустината, седнал да се одмори. Почнал да размислува за својот срамен пораз и да смислува начини како да излезе од тешката состојба. Во тој момент, вниманието му го привлекла една малечка мравка која влечела огромен инсект, десетпати поголем и потежок од неа. Но, мравката била упорна во својата работа.

Одеднаш, мравката заедно со инсектот паднала во една дупка. Таа се обидувала да се извлече, но инсектот неколкупати бегал од нејзините раце. Сепак, мравката повторно го зграпчувала и се обидувала да излезе од дупката со него – сè додека конечно не успеала. И така, триумфално и гордо, заедно со пленот, го продолжила својот пат. Нејзините упорност и трпеливост го привлекле вниманието на поразениот војсководач. Мравката не изгубила надеж и успешно си ја завршила својата работа.

Војсководачот заплакал поради својата судбина – се покајал што не бил поупорен и похрабар. Почнал да размислува како повторно да го повика својот противник на мегдан. Тој ги собрал сета своја сила и решителност и се вратил пред противникот предизвикувајќи го повторно на двобој. По невидената и макотрпна борба, неговиот противник паднал мртов на земја.

Војсководачот победил и се вратил гордо во своето кралство. И така, една мала мравка, со својата упорност, го натерала војсководачот да извлече корисна поука: „Биди упорен“.

Поучните приказни имаат интересна моќ да нѐ потсетуваат на едноставни работи за животот и да нѐ мотивираат да ги преземеме вистинските чекори. Прочитајте ја и оваа поучна приказна доколку се чувствувате безвредно.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here