Потегот на Шакира со јазикот за време на настапот стана хит- откриено што значеше

0
112


Колумбиската пејачка Шакира настапи на полувремето на Супер Боул, рамо до рамо со атрактивната колешка Џенифер Лопез, а тој ден го прославила и својот роденден.

Шакира во текот на настапот го покажала својот легендарен стомачен танц кој низ годините стана нејзин заштитен знак. 

Исто така, во еден момент пејачката сред настап се свртела кон камерата и извела потег со јазикот кој стана вистински хит на социјалните мрежи. Станува збор за потег од арапската култура кој се нарекува “Zaghrouta” и се користи за изразување на среќа.

Инаку, Шакира веќе со години вметнува елементи на блискоисточната култура во своите настапи.

На својот Инстаграм профил пејачката објавила фотографија со Џеј Ло.

“Ѝ благодарам на Џенифер Лопез за вечерта која покажа колку латино девојките имаат да понудат”, напишала Шакира во описот од фотографијата.

Латино дивите ги изведоа своите најголеми хитови, а нивниот настап го засени и самиот натпревар.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here