Постојано ѝ ги кажувал истите работи додека била во стомакот – кога се родила го препознала неговиот глас

0
108


Ако некогаш сте се посомневале во тоа дека бебињата слушаат сè што се случува додека се во стомак, оваа приказна ќе ви го докаже спротивното.

Тарсила Роса и Флавио Дантас со нетрпение чекале да им се роди ќерката Антонела. Флавиот бил толку возбуден, што секојдневно, откако доаѓал од работа, прво зборувал со бебето во стомакот.

Седел и ѝ раскажувал за сè што му се случувало на работа, а потоа долго време ѝ зборувал дека мајка ѝ и татко ѝ многу ја сакаат, притоа галејќи го стомакот на неговата сопруга. На бебето постојано му нагласувало дека секогаш ќе биде тука за него.

Флавио вели дека ниту самиот не бил сигурен дали има смисла да разговара со Антонела, но решил за секој случај да се обиде да комуницира со ќерката.

И, кога дошла Антонела на свет, се покажало дека цело време внимателно го слушала својот татко.

Имено, откако Флавио ѝ се обратил, иако штотуку се родила, веднаш се насмевнала, а за приказната да биде уште подобра – на свет дошла на Денот на татковците. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here