Поранешниот готвач на принцезата Дајана откри кое ѝ било омилено јадње

0
71


Поранешниот готвач на британската принцеза Дајана прозборе за некои досега непознати детали од нејзиниот живот, кои јавноста досега немала прилика да ги слушне.

Да е жива, Дајана на 1 јули ќе наполнеше 59 години и многумина би помислиле дека би организирала голема прослава, меѓутоа, кулинарскиот шеф Дарен Мекгрејди откри дека принцезата не уживала во роденденските прослави бидејќи секој роденден значел дека е една година постара.

Дарен готвел за Дајана четири години, од 1993 до 1997 година, односно до денот кога го изгубила животот во трагичната автомобилска несреќа.

Кулинарскиот стручњак, кој денес живее во Тексас, за магазинот Hello! раскажал дека роденденот на Дајана обично се обележувал скромно, без специјалитети и торта. Тој ден принцезата обично го поминувала на ручек со пријателките, а вечерите ги поминувала мирно.

Дарен раскажува и како Дајана со тек на време го променила начинот на исхрана, ги исфрлила тешките сосови и почнала да јаде само здрава храна, а секоја недела го молела да ѝ направи полнети пиперки кои најмногу сакала да ги јаде заедно со него, во неговата кујна.

– Кога почнав да работам за Дајана, беше на чело на 119 различни добротворни организации, трипати неделно одеше во сала за вежбање и изгледаше најдобро. Се соочи со булимија и ја победи. Ми рече: „Дарен, ти погрижи се за маснотиите, а јас ќе се погрижам за јаглехидратите во салата“. Моето готвење тогаш се смени, немаше тешки сосови, само здрава храна – раскажува Дарен.

Дарен претходно бил готвач на кралицата Елизабета и открил дека таа обожавала чоколади, и тоа темни, а белите и млечните никогаш не ги јадела.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here