Поранешниот голгетер Миколи осуден на 3,5 години затвор

0
101


Ги тресеше мрежите во Серија А играјќи за Јувентус, Фиорентина и Палермо, а сега го чека затвор.

Фабрицио Миколи се повлече од фудбалот во декември 2015 година кога играше за малтешкиот клуб Биркиркара. Претходно, богатата кариера ја градеше во младинскиот тим на Милан, а на сениорско ниво играше за Казарано, Тернана, Јувентус, Перуџа, Фиорентина, Бенфика, Палермо и Лече. „Новиот“ Дел Пјеро стана легенда на Сицилија и Апулија и идол на многу дечиња од Јужна Италија.

http://kajgana.com/

Обвинет е дека во 2013 година насилнички сакал да изнуди 20 илјади евра преку Мауро Лауричела, син на сицилијанскиот мафиоз Нино од квартот Калса, од Андреа Графањини кој остварил профит од продажбата на дискотеката Папараци во гратчето Изола деле Фемине во северниот дел на Сицилија. Парите требало да завршат кај Џорџо Гаспарини, другар на Миколи.

Апелациониот суд на Палермо ги прифатил поднесените докази на Обвинителството и на Миколи му изрекол затворска казна од времетраење од 3 години и 6 месеци поради „изнуда на пари на мафијашки начин“. Преходно пресудата беше донесена во октоври 2017 од страна на Судот на Палермо, но Миколи се жалеше.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here