Поранешниот адвокат на Трамп се нагоди на суд околу неправилностите во кампањата

0
31
loading...

[ad_1]

Си-ен-ен јавува дека 51-годишниот Коен се предал на ФБИ. Требало да се јави во вторик до 16 часот по локално време пред сојузниот суд на Менхетн, открил вработен на судот за Ројтерс.

Веста дека Коен постигнал договор доаѓа по претходниот извештај на Ен-би-си њуз и други медиуми дека со обвинителите се обидува да постигне договор.

Ројтерс проценува дека нагодбата би можела да го загрози американскиот претседател и со тоа јакне можноста Коен да му даде информации на специјалниот обвинител Роберт Мјулер за неговата истрага за руското мешање во изборите во 2016 и наводната соработка со кампањата на Доналд Трамп.

loading...

Американскиот претседател неколку пати негираше дека имало каков било дослух со Русија, а истрагата на Мјулер ја нарече лов на вештерки. Тие тврдења ги негира и Русија. Некои американски тајни служби соопштија дека Москва се мешала во изборите.

Коен беше дел од најтесниот круг на Трамп повеќе од десет години. Работеше како негов личен адвокат во Организацијата Трамп и продолжи да го советува претседателот по изборите. Но нивниот однос во последните месеци се влоши.

Коеновиот адвокат Лени Дејвис одби да ги коментира најновите случувања. Коен и Гај Петријо, друг негов адвокат, исто така не ја коментираа новонастанатата ситуација.

Сојузните обвинители во април запленија документи од канцеларијата на Коен врз основа на налог од кабинетот на Мјулер..

Коен тогаш повтори дека „ќе прими куршум“ за Трамп, но нивниот однос сепак се влоши откако ФБИ спроведе рација во неговата канцеларија, хотелска соба и дом.

[ad_2]

Source link

loading...