Поранешен агент на ЦИА осуден на 19 години затвор поради шпионажа

0
127


Вашингтон, 23 ноември 2019 (МИА) – Поранешен агент на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) вчера е осуден на 19 години затвор откако федералниот суд во Вирџинија го прогласи за виновен за шпионажа во корист на Кина.

Џери Чуан Шинг Ли (55) замина од ЦИА и се пресели во Хонгконг. Тој во 2010 година бил контактиран од двајца припадници на Кинеската разузнавачка служба, кои му понудиле пари и „доживотно“ старателство над него во замена за информации до кои дошол додека бил во ЦИА.

Стотици илјади долари биле уплатени на сметка на Ли во периодот од 2010 до 2013 година во замена за информации од ЦИА.

Ли е уапсен на Хаваи, кога агенти на ФБИ во неговата хотелска соба пронашле нотес кој содржел рачно напишани информации за ЦИА.

Осудениот Ли располагал со чувствителни информации за ЦИА, како што се банкарски сметки на американската агенција, локации за оперативни состаноци, телефонски броеви и детали за тајните локации на ЦИА. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here